- Македонски
- English
МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ ЗАСТАНУВА ЗАД ССМ ВО БОРБАТА ЗА РАБОТНИЧКИОТ ДОМ
Генералениот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) Лук Триангл, во името на 340 Сојузи на синдикати од 169 држави во светот кои заедно бројат 191 милиони работници нивни членови, упати писмо до Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во кое изразува најдлабока загриженост на МКС (ITUC) во врска со одлуката на Врховниот суд за конфискацијата на имотот сопственост на синдикатот (ССМ) во корист на државата што ќе резултира со мешање во синдикалните работи, а со тоа на работниците ќе им се ускратат нивните правата и придобивките од синдикалното членството и сето тоа ќе предизвика непопратлива штета на целокупното синдикалното движење во Република Северна Македонија.
Во писмото се нагласува дека според Комитетот за слобода на здружување (CFA) на Меѓународната организација на труд (МОТ), правото на соодветна заштита на имотот на синдикатите е една од оние граѓански слободи коишто се суштински за нормално остварување на правата на синдикатот и се нагласува дека Владата во насока на нејзините превземени обврски согласно Конвенцијата бр. 87 за слободата на здружување и заштитата на правата за организирање од 1948 година и Уставот на МОТ за веднаш да се спречи насилно преземање на имотот на синдикатот, а кое нешто произлегува од одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и воедно да се обезбедат преземање на сите неопходни правни процедури, доколку ги има, а се со цел за да се обезбеди и заштити имотот сопственост на синдикатот.
Во овој поглед, ние нема да се двоумиме да поддржиме каква било формална постапка што Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) ќе смета дека е соодветно да ја покрене – било во рамките на МОТ или пред други меѓународни тела - нагласува во писмото Генералениот Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) Лук Триангл.
Во прилог превод на целото писмо со поддршка кое ќе биде доставено до надлежните институции:
,,Почитуван брат Трендафилов,
Во име на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), ја изразувам нашата најдлабока загриженост во врска со одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија за пренос на имотот којшто е сопственост на синдикатот или Сојузот на Синдикати на Македонија на државата односно на Република Северна Македонија донесена во јануари 2024 година.
Од информации добиени од ваша страна, забележавме и констатиравме дека веќе неколку години се води судски процес во кој Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) успешно го докажа своето правото на сопственост на Зградата на Синдикатот или позната како Работничкиот Дом во Скопје, односно дека неколку судски одлуки ги потврдија сопственичките права на ССМ.
Затоа сме вчудоневидени од одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Според нашето мислење, одлуката на Врховниот суд е во целосна спротивност со обврските коишто земјата ги има превземено во однос на слободата на здружување согласно Уставот на МОТ и Конвенцијата бр. 87 на МОТ.
Според Комитетот за слобода на здружување (CFA) на МОТ, правото на соодветна заштита на имотот на синдикатите е една од оние граѓански слободи коишто се суштински за нормално остварување на правата на синдикатот.
Од тие причини, конфискацијата на имотот сопственост на синдикатот во корист на државата ќе резултира со нејзиното мешање во синдикалните работи, а со тоа на работниците ќе им се ускратат нивните правата и придобивките од синдикалното членството и сето тоа ќе предизвика непопратлива штета на целокупното синдикалното движење во Република Северна Македонија.
Целосно го поддржуваме Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) заедно со сите синдикати кои се борат за основните слободи и права, содржани во Конвенциите на МОТ бр. 87 (Слобода на здружување и заштита на правото на организирање) и бр.98 (Право на организирање и колективно договарање), а кои Република Северна Македонија ги ратификуваше.
Во овој поглед, ние нема да се двоумиме да поддржиме каква било формална постапка што Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) ќе смета дека е соодветно да ја покрене – било во рамките на МОТ или пред други меѓународни тела.
Во меѓувреме, ве охрабруваме да започнете дијалогот со Владата во вашата земја и тоа во насока на нејзините превземени обврски согласно Конвенцијата бр. 87 и Уставот на МОТ за веднаш да се спречи насилно преземање на имотот на синдикатот, а кое нешто произлегува од одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и воедно да се обезбедат преземање на сите неопходни правни процедури, доколку ги има, а се со цел за да се обезбеди и заштити имотот сопственост на синдикатот.
Во знак на солидарност,
Лук Триангл,
Генерален Секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC)"