Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МЕЃУНАРОДНАТА ПОДРРШКА И СОРАБОТКА Е ВАЖНА, ССМ И СИЕР НА СРЕДБА СО ИФ МЕТАЛ И ОЛОФ ПАЛМЕ

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов заедно со Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов имаа работен состанок со Жаклина Рохман, Јан Костер од ИФ Метал од Шведска и Левенд Биџаку од Олоф Палме Центар.

Размената на искуства, синдикалната соработка, активностите на ССМ беа тема на состанокот.

Синдикатот СИЕР при ССМ во изминатиот период со поддршка на Олоф Палме Центар црпеше искуства Синдикатот ИФ Метал од Шведсказа зајакнување на капацитетите со акцент на синдикално организирање во индустриските зони.

Претседателот на ССМ Трендафилов ги запозна присутните со проблемот со кој се соочува ССМ со конфискацијата на Работничкиот дом и доби поддршка од колегите од ИФ Метал, а истите ќе се жаложат преку нивните претставници да извршат притисок во меѓународните институции кон Македонската Влада.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.