- Македонски
- English

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) станува член на Сојузот на синдикатите на Македонија, гласи денешната одлука на Советот на ССМ. Односно, позитивно е одговорено на молбата за прием, која претседателот на МЕСО Сузана Стефановиќ ја упати пред неколку месеци.
Мултиетничкиот синдикат за образование е основан во месец април 2006 година. Членството е исклучително од вработените во образовниот систем. МЕСО е уредно регистриран синдикат, во склад со сите законски норми.