Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Миќо стојановски претседател на срсвм

25.03.2011_miko_stojanovski_
Миќо Стојановски

На Петнаесеттото Собрание на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ), што се одржа на 23 март во Скопје, за нов претседател е избран Миќо Стојановски.

Миќо Стојановски е долгогодишен активист во синдикалното движење, посебно во синдикалната организација на неговото матично претпријатие,  ЈСП “Скопје“ – Скопје, додека во СРСВМ извршуваше повеќе значајни функции.
Функцијата претседател во претходниот период ја вршеше Цветан Мирчески.

Собранието се одржа на 56 – годишнината на основањето на синдикатот за сообраќај, кој е формиран во 1955 година. На Собранието е донесена нова Програма за работа во наредниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.