Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Младите активни во синдикатот за градежништво

МЛАДИТЕ АКТИВНИ ВО СИНДИКАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

Претседателот Трендафилов со Секцијата на млади

Младите даваат полн придонес во работата и во развојот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП). Секцијата на млади е една од најактивните, не само во државата, туку и во поширокиот регион.

Ова е афирмацијата која Секцијата на млади при Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање ја доби на Четвртиот конгрес на СГИП, од страна на претседателот Павел Трендафилов.

СГИП - конгрес

Од одржувањето на Конгресот

На конгресот, кој се одржа на 21 и 22 октомври во Охрид, од вкупно 64 делегати присутни беа 52 делегати. Од тоа 27 отсто беа жени, додека за првпат во структурата на делегати младите учествуваа со 21 отсто. На Конгресот примарна улога имаше Секцијата на млади. За таа цел претседавач на Конгресот беше Алексовски Миланчо - координатор на Секцијата за млади при СГИП. Секцијата и претходно ги превзема сите обврски околу организацијата на Конгресот, со поддршка од стручната служба и на претседателот на синдикатот.

Главна цел на оваа секција е да продолжи да работи со едукација за нови членови, а воедно и да ја шири мрежата на млади во СГИП. Треба да се истакне полната поддршка што се добива од Меѓународната организација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI) и нивната Регионална канцеларија во Сараево. Се враќа довербата дека младите ќе бидат главни носители на активностите на СГИП, информира Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.