Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МЛАДИТЕ ВО ФОКУСОТ НА СИНДИКАТИТЕ

Денес, Синдикатот на УПОЗ беше домаќин на студенти од Факултетот за правни науки на American University of Europe - FON, кои во вториот семестар го слушаат предметот Трудово право кај проф.д-р Зорица Силјановска.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски ги запозна студентите со начинот и формите на организирање во Синдикатот на УПОЗ и синдикалното движење, како и значењето на колективното преговарање и унапредувањето на правата од работен однос.

И во иднина, Синдикатот на УПОЗ останува отворен за сите студентите, со цел пренесување на искуствата и практичните примери за колективно преговарање и договарање.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.