Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

МОЖНИ ПРОБЛЕМИ ВО СЕКТОР ГРАДЕЖНИШТВО ПОРАДИ ЛОШИТЕ ВЛАДИНИ ПОЛИТИКИ

Нашиот страв, како синдикат е дека може да дојде до колапс на секторот, до затворање на тие фирми и оставање на улица голем број вработени“, вели за „Локално“, Иван Пешевски – претседател на Синдикатот за градежништво.

Посочува дека е неопходно да се разликува градежништвото од инвестирање во станови кои се продаваат според цените на пазарот.

„Станува збор за капитални објекти, инфраструктурни проекти коишто траат повеќе од 5 години. Не можете денес за 5 години да договорите цени за кои ќе се држите фиксно, без да очекувате промена на цените на градежните материјали“,вели Пешевски.

Како единствено решение ја посочува можноста на компаниите да ми се понудат договори со клизна скала на цени.

„Тоа би значело дека во случај на поскапување на цените на материјалите, што впрочем сега во континуитет се случува, да имаат разбирање и договорот да се рефинансира со анекс, да се добуџетира, за да не остане нешто недоградено“, категорични се во синдикатот, посочувајќи дека иако ваквиот тип договори се вообичаени во странство, досега не успеале да добијат каков било одговор од Владата.

Повеќе прочитајте на линкот:

https://lokalno.mk/peshevski-od-sindikat-za-gradezhnishtvo-stravuvame-de...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.