- Македонски
- English
ССМ на 1 Мај излегува на протест да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори и зголемување на сите платите на работниците
На 1 Мај ќе протестираме за повисоки плати, рече на денешната прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, најавувајќи го утрешниот протестот што ќе се одржи во 11 часот, со маршрута на движење од Работничкиот дом, преку Собранието и Стопанската комора до Владата.
„На 1 Мај во 1886 година работниците излегле на демонстрации и се бореле за осумчасовно работно време. Нешто што денес во Македонија го немаме“,
Според него, ССМ на 1 Мај излегува на протест да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори и зголемување на сите платите на работниците.
„Нашите барања не се од денеска, не започнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на 1 Мај да изразиме незадоволство од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија, кое се најниски во регионот и пошироко“
ССМ ги повикува сите што му мислат на работникот да се приклучат на работничкиот протест.
„Синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат и да протестираат, а не да прославуваат. Имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“
Дел од синдикатите соработуваат со власта на штета на работниците!
„За жал, само синдикалци може да направат штета на работниците и кога поддржуваат владини политики, секогаш е на штета на работниците. Тоа што го забораваат да го кажат колегите од другите синдикати, е дека прифаќаат далеку помали износи предвидено со закон и со Колективен договор, а ССМ нема да дозволи ниту еден работник да пати за зголемување на платите“,
додаде тој.