Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА 20.06.2026 ГОДИНА СЕ ОДРЖА СЕДМИОТ КОНГРЕС НА СГИП

НА 20.06.2026 ГОДИНА СЕ ОДРЖА СЕДМИОТ КОНГРЕС НА СГИП

На ден 20.06.2026та година во Скопје се одржа Седмиот Конгрес на СГИП. На конгресот покрај избор на нови органи и тела и усвојување на повеќе важни документи за Синдикатот, се прослави и јубилеј од 90 години синдикална борба. Токму затоа што првиот штрајк на македонските градежници е отпочнат на 20ти Јуни 1936та година.

На конгресот се обратија Претседателот на Синдикатот за градежништво и водостопанство од Подкрепа, Р.Бугарија, Јоанис Партиниотис,

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов и Претставникот од Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија BWI Global Union Јасмин Реџеповиќ.

Поради неможност за физичко присуство на Конгресот, порака испратија и Генералниот секретар на Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија EFBWW, Том Делеу и Претседателот на Синдикатот за градежништво Yol-Is од Турција Türkiye Yol-İş Sendikası, Рамазан Агар.

Сите испратени пораки имаа заедничка јасна цел, а тоа е: достоинствени плати и безбедни услови за работа, затоа што градежниците секојдневно се соочуваат со висок ризик при изведување на градежните активности.

Човечкиот живот не смее да се споредува со капиталот, кој работникот од својот труд, го обезбедува за државата и работодавачите.

СГИП останува посветен во организирањето на градежните работици, работниците од индустријата за градежни материјали и шумарството.

Делегатите на Конгресот за Претседател на СГИП, во мандатен период 2026-2031, довербата ја дадоа на Иван Пешевски.

За Пешевски ова е втор мандат за што вети дека борбата за поголеми работнички права и плати продолжува понатаму, но и безбедни и здрави услови за работа особено на работниците кои работат на инфраструктурни објекти и се изложени на ризик.

СГИП останува единствен глас на градежниот работник и после 90 години синдикална борба.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.