Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА БАРАЊЕ НА СРСВМ ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

На барање на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)  беше одржана конструктивна средба со Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на која присуствуваа и претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.

На средбата се разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на кадри, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените, редовна и правилна распределба на платите, како и за потпишување нов Колективен договор.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.