Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА БАРАЊЕ НА ССМ ПРОДОЛЖУВА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ

Финансиската поддршка за исплата на плати за работниците од најпогодените сектори беше воведена уште на самиот почеток на здравствента криза предизвикана од заразната болест Ковид-19 токму на барање на ССМ.

И со петтиот пакет мерки продолжува ваквата финансиска поддршка за исплата на платите на работниците со што се спречи да бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.

Условите за добивање на финансиската поддршка за плати се истите како и за четвртиот пакет мерки, со тоа што на наше инсистирање, работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените заклучно со 31.12.2020 година со што, работниците кои ги изгубиле своите работни места во јануари и февруари ги враќаме на работа, доколку работодавачите сакаат да добијат финансиска поддршка за исплата на плати, а ги гарантираме и нивните работни места во периодот додека се користи мерката и месеците по завршување на истата, а иатот се однесува и за работодавачите кои ќе сакаат да користат од мерката бескаматни кредити.

Дополнително на барање на работниците, ССМ бараше, работодавачите да добијат поголемо даночно ослободување при исплата на регрес за годишен одмор, а Владата прифати таквото даночно ослободување да биде за исплатен регрес за годишен одмор во висина до 80% од просечната плата, со што надмината е пречката работодавачите да исплаќаат и повисок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот во висина од 40% и за тој износ да не бидат дополнително оданочувани, па апелираме сите работодавачи да ја искористат ваквата поволност и да исплаќаат регрес за годишен одмор во висина од 40-80% од просечната плата.

ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.