Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА СЕДНИЦА НА ЕСС, РАБОТНИЦИТЕ НАДГЛАСАНИ ЗА НИВНАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАДАТА И РАБОТОДАВАЧИТЕ

На денешната седница на Економско - социјалниот совет, за прв пат, за потребата од усогласување на минималната плата, членовите на Економско-социјалниот совет од работодавачите и Владата со 8 наспроти 4 гласа, ги надгласаа синдикатите односно работниците за висината на износот на усогласување на минималната плата во согласност со Законот која се усогласува врз основа на следниве параметри:

-една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија

-една третина од порастот на индексот на трошоците на живот

-една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката - иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласнувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу15.190,00 денари.
ССМ смета дека таквото​ усогласување на минималната плата на начин на кој и параметарот за реалниот пораст на БДП иако во законот не е предвидено се пресметува како минус и е спротивно на Закон и со тоа работниците ќе бидат оштетени за најмалку околу 2500,00 денари годишно.

Исто така, не беше прифатено барањето на ССМ, минималната плата да се зголеми во висина од​ 60%​ од просечната плата и истата​ да не изнесува помалку од 16.976,00 денари особено ако знаеме дека само за лекување поради заболување или изолација од Ковид -19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку​ 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи, знаејќи дека Синдикалната минимална кошничка која е неопходна за едно четири члено семејство изнесува 33.702,00 денари.

За ваквото надгласување на работниците за усогласувањето на нивната минимална плата, а со тоа и утврдување на понизок износ на висината на минималната плата, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе поведе постапки пред надлежните институци и ќе ги преземе сите законски мерки и можности за да се исправи оваа неправда.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.