Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА ВИСТИНСКИ ПАТ ДО НОВ ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВЕН СЕКТОР И К-15 ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателот на Владата Зоран Заев одржаа работна средба на која учествуваа и претседателите на неколку грански синдикати од ССМ од јавниот сектор: Љубиша Каранфиловски на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Миќо Стојановски на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски и на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, во присуство на Слободан Трендафилов од ССМ и Советникот во Владата, Милан Живковиќ.

На работниот состанок, остварен на барање на синдикалните лидери и ССМ беше поздравен Социјалниот дијалог, како и изразениот слух на Влада на Република Северна Македонија за остварување на работничките права и постигнување на социјалниот дијалог во насока на социјално-економска поддршка на работниците.

На темата за работничките права беше истакнат позитивен амбиент во однос на започнувањето на разговорите и преговорите за потпишување на новиот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор, а заклучок е дека е потребно следење на процесите и анализа за донесување најповолни решенија за исплата на К-15, односно регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор преку враќање на ова работничко право, изгубено пред повеќе од 15 години.

На средбата се разговараше и за унапредување на мерките за надминување на сивата економија, отворање нови работни места и подобар економски статус на сите работници, без разлика дали се во приватниот или јавниот сектор.

Владата останува главен поддржувач на работниците и сметаме дека синдикалното организирање е здраво за државата, како сериозен коректив во функција на балансирање при уредувањето на работничките права, во јавните институции и приватниот сектор“, рече премиерот Заев, кој нагласи дека социјалниот дијалог продолжува.

Претседателот на ССМ и СУТКОЗ, Дарко Димовски истакна дека со оглед дека платите на комуналните работници не се корегирани, односно зголемени повеќе од 10 години, неминовно се наметнува потребата од нивно зголемување и усогласување, се со цел да се задржат квалификуваните комунални работници, но и да се подобри нивната материјално егзистенцијална положба, имајќи во предвид дека реалната потреба од оцие работници дојде до израз во здравствената криза предизцикана од Ковид -19.

Исто така истакна и дека конечно се гледа крајот на процесот на враќање на сите работници од Јавните комунални претпријатија под законот за работните односи ао што ќе се стави крај на периодот кога работниците од ЈКП се делеа на три категории и за нив се применуваа три закони.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љувиша Каранфиловски кој воедно е и потпретседател на Советот на ССМ за колективно преговарање ги пренесе барањата на здравствените работници како и на сите работници од јавниот сектор за уредување на правото за исплата на К-15 и ги презентираше ставовите на ССМ по однос на потребата од поскоро потпишување на Општиот колектовен договор за јавен сектор во кој ќе се уреди и ова право.

Претседателот на Македонски полициски синдикат и потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор, д-р Марјан Кицев истакна дека во најскоро време потребно е од страна на Владата и Министерството за внатрешни работи на вработените во МВР да им ср исплати еднократен бонус за нивниот ангажман во време на пандемијата предизвикана од Ковид - 19, како и дека во наредниот период ќе се јави сериозна потреба од пополнување на упразнетите работни места по основ на заминување во пензија и дека тие треба да се пополнат во најскоро време.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.