Надоместокот на плата во висина од 100% за време за привремена спреченост од работа поради Ковид 19, повторно е вратен на барање на ССМ за вработените во јавен сектор
Активностите кои ги презема ССМ во изминатиот период поврзани со ова значајно прашање за работниците, дадоа резултат и покрај тоа што беше нанесена штета од одредени невладини организации.
Повторно апелираме до работодавачите од приватниот сектор, преку брзи измени во Општиот колективен договор ова право да го регулираме и за работниците во приватниот сектор, а доколку не, ги потсетуваме дека подадената рака од работниците денес, може многу лесно да стане стисната тупаница утре.