Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ РАБОТНИКОТ ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН ВО ОВАА ДРЖАВА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Работничките права треба и мора да бидат приоритет во Државата

Ги потсетуваме претставниците на законодавната власт (пратениците) дека треба веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права.

Бараме

веднаш да се усвои законското решeние за недела неработен ден, онака како што е усогласено помеѓу социјалните партнери, а со тоа конечно сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес за работа во недела ќе им биде исплатена дневницата за тој ден зголемена за минимум 50%., а останатите 92% од работниците заслужено да одмараат.

донесување на нов Закон за работните односи на кој се работи континуирано 3 години и кој е фундаментален закон во кој ќе се решат децениски проблеми како: договорите на определено време, прекувремената работа, регрес за секој работник, работата од дома и итн.

итно зголемување на платите поради ценовниот шок кој предизвика зголемувања на сите производи, животни трошоци како и ограничување на неоправданиот раст на цените.

Затоа бараме итно зголемување на минималната плата на најмалку 60% од просечната плата и сите останати плати согласно коефициентите на сложеност на работните места утврдени во колективните договори по дејности.

Доколку и понатаму пратениците останат глуви на нашите барања, ССМ ќе побара да се донесе одлука на највисоките органи и тела во сите синдикати здружени во ССМ за да се повика членството и сите работници на генерален штрајк.

Ова што се прави во оваа Ковид и економска криза од страна на пратениците со недонесувањето и одлагањето, претходно на субвенциите на плати на работниците, а сега и за недела неработен ден со кое се гарантира и регулира дека во денот недела 92% од работниците нема да работат , а они што ќе работат ке бидат минимум од 50% до 100% односно дупло платени за работа во денот недела е само на штета на работниците.

Пратениците пред нивните интереси да го имаат прво интересот на работникот, зошто истиот повеќе не може да ги толерира и трпи овие политички игри што се прават врз грбот на работниците и своите работнички права ке ги бараат на улица преку генерален штрак, зошто тој, работникот е срцето и движечката сила на економијата од која се гради и опстојува Државата.

Работниците се доведени на работ на егзистенцијата и не можат да си дозволат и немаат време да чекаат уште 3, 6 месеци или 1 година за донесување на законските решенија кои директно влијаат на нивната социјална сигурност и нивните работнички права.

Ако во Државата сè застанува за време на кампањи и избори, тогаш и работникот ќе биде принуден да застане и да се исправи пред неправдите кои му се прават.

Очигледно дојдено е времето подадената рака на работникот денес, да стане стисната тупаница.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.