Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ДА НЕ СЕ ЧЕПКА, А ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА И САБОТА Е НЕРАБОТЕН ДЕН

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ДА НЕ СЕ ЧЕПКА, А ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА И САБОТА Е НЕРАБОТЕН ДЕН

ССМ по пат на протести и штрајкови, како и преку Социјален дијалог со Организација на работодавачи на Македонија и Владата го утврди правото недела да биде неработен ден за повеќе од 80% од работниците во Македонија, со право на додаток на плата за работниците кои работат во исклучоците каде што работниот процес не може да се прекине.

Денеска, работниците во Македонија се соочени со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати како и барањата на газдите од Стопанската комора за кратење на работничките права, а особено кратење на неработните денови.

Нагласуваме дека недела неработен ден врати малку од работничкото достоинство, а на претставниците од Стопанската комора им порачуваме дека со ваквите нивни ставови и ниските плати кои ги даваа на работниците предизвикаа егзодус на квалификуваните работници од Македонија.

Истовремено, ги потсетуваме дека и сабота е неработен ден за работниците во Македонија поради тоа што во Македонија, по правило работната недела трае 5 работни денови.

Нејасно е во кое својство Стопанската комора, која за потсетување, без консултации со синдикатите поведе постапка и пред Уставниот суд по ова прашање и која неславно им заврши, се појавува со барања, кога партнер на синдикатите во социјалниот дијалог и репрезентативен претставник на работодавачите е Организацијата на работодавали на Македонија.

Најостро се спротиставуваме на ваквите несериозни барања, а доколку продолжат со ваквиот однос кон работниците, за многу брзо време работници ќе нема, а газдите сами ќе треба да ги засукаат ракавите и да работат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.