Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НАПАД НА СИНДИКАЛЕЦОТ СТОЈАНЧЕ КАШИКОВСКИ - Дарко Димовски, претседател на ССМ

,,Денеска, сите ние сме Стојанче Кашиковски, нападот на еден од нас е напад на сите нас, како синдикалци и синдикати наша должност е кога некој се служи со секакви средства, нечесни, незаконски, нечовечки, недемократски да спречи синдикална активност, да врши притисок врз првиот синдикалец за другите да му се плашат, да застанеме и да се бориме заедно !

Чесната синдикалната борба е препознаена и од политичари и политички партии со кои ние синдикалците и синдикатите не секогаш имаме исти ставови и гледишта за решавање на работничките проблеми, но сите заедно сметаме дека синдикатите мора и треба да бидат гласни во нивната борба, а никој не смее да врши присила и уцена спротивна на слободата на синдикалното здружување пропишана во Конвенциите на МОТ"

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.