Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕМА МЕРКИ НО ИМА 12,09% ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за август 2025 изнесува 24.064,00 денари споредена со јули 2025 година (23.682,00 денари) е зголемена за 382,00 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114,00 денари, кај лична хигиена има намалување од 73,00денари и кај транспортот е намалена за 16,00 денари.

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, додека кај вредноста на храната и пијалоците има зголемување за 2.584,00 денари односно за 12,09% .

Но затоа експертите најгласни дека нема потреба за нови мерки, дека треба претпазливо да се пристапи, дека платите ја кревале инфлацијата !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.