Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Неправото не може и не смее да стане право на штета на работничките права

Од страна на волонтери на ССМ​ како и пријави од страна на работници, најчести прекршувања на Законите со кои се регулира правото на неделен одмор, на 02.01.2021 година беа евидентирани од страна на работодавачи кои не се во наведените исклучоци и тоа казината, автомат клубовите, обложувалниците, кафе баровите ( кафичите за посужување на кафе и пијалоци), супермаркетите (трговија на големо и мало).

Напоменуваме дека во член 4 став 1 од Законот за работните односи е предвидено дека овој закон се применува врз работните односи меѓу работодавачите кои имаат седиште или престојувалиште во Република Северна Македонија и кај нив вработените работници, кога работата постојано се врши на територијата на Република Северна Македонија, како и во случаите кога работодавачот привремено ќе го упати работникот на работа во странство, а во став 5 е предвидено дека истиот не се применува на поморскиот персонал на трговско-поморски претпријатија, на членови на екипаж на авиони и на странци вработени во компаниите за патничкиот и железничкиот сообраќај кои имаат регистрирано седиште во странство.

Со член 2 од Законот за измените и дополнувањата на Законот за ​ работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021)​ е регулирано дека во​ член​ 134​ ставот​ (2)​ се​ менува​ и​ гласи: „Ден​ на​ неделен​ одмор​ е​ недела.“. Додаден е и нов став (3)​ во кој е наведено дека по​ исклучок​ од​ ставот​ (2)​ на​ овој​ член,​ за​ работниците​ кај​ работодавачите​ кај​ кои​ работниот​ процес​ е​ од​ таква​ природа​ што​ не​ може​ да​ се​ прекине​ поради​ техничко​ -​ технолошкиот​ процес​ и​ потребата​ од континуитет​ во​ работата,​ ден​ на​ неделен​ одмор​ може да​ биде​ друг​ ден​ во​ неделата​ и​ тоа​ во 41 дејности кои се наведени како исклучоци, а во кои​ не се опфатени казината, автомат клубовите, обложувалници, кафе баровите ( кафичите за послужување на кафе и пијалоци), супермаркетите (трговија на големо и мало​ освен исклучоците од Законот за изменување и дополнување Законот за трговија).

Имајќи во предвид дека овие два закони прецизно го уредуваат правото на неделен одмор на работниците, не се применливи членовите 69 и 96 од Законот за игри на среќа кој предвидуваат дека казината и автомат​ клубот​ може​ да​ утврди​ работно​ време​ од​ 24​ часа​ на​ ден,​ секој​ ден,​ независно​ од​ тоа дали​ со​ закон​ или​ со​ друг​ пропис​ е​ одреден​ државен​ или​ верски​ празник​ или​ друг​ неработен​ ден, но не и за ден на неделен одмор на работниците утврден со Законот за работните односи и Законот за трговија.

Од тука произлегува дека истите не смеат да работат во недела која е ден за неделен одмор и за работниците кај овие работодавачи поради тоа што истите не се во исклучоците.

Напоменуваме дека со Законот за работните односи се регулираат правата од работен однос на дневен, неделен и годишен одмор, полното работно време и прекувремената работа и сл., а истите се задолжителни и се применуваат на сите работници и работодавачи во Државата.

Нагласуваме дека овие работодавачи не се наведени ниту во Правилникот ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОМОШНИ ИЛИ ПРИДРУЖНИ ДЕЈНОСТИ НА ОСНОВНАТА ДЕЈНОСТ​ НА РАБОТОДАВАЧОТ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО ДЕЈНОСТИ КОИ ИМААТ КАРАКТЕР​ НА ПОМОШНИ И ПРИДРУЖНИ РАБОТИ НА ОСНОВНАТА ДЕЈНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ каде што во член 2 од истиот јасно е наведено дека Помошни​ и​ придружни​ дејности,​ во​ смисла​ на​ овој правилник,​ се​ оние​ ​ ​ дејности​ ​ ​ со​ кои​ врз​ основа​ на​ договор​ за​ деловно-техничка​ соработка​ се​ опслужува​ работењето​ на​ работодавачот,​ кај​ кој​ работниот​ процес не​ може​ да​ се​ прекине​ и​ има​ потреба​ од​ континуитет во работата, а во член 3 Работни​ места​ кои​ имаат​ карактер​ на​ помошни​ и придружни​ работи​ за​ непречено​ извршување​ на​ основната​ дејност​ на​ работодавачот,​ во​ смисла​ на​ овој​ правилник,​ ​ ​ се​ оние​ работни​ места​ без​ чие​ континуирано одвивање​ на​ работите​ може​ да​ дојде​ до​ прекин​ или​ нарушување​ на​ техничко-технолошкиот​ процес​ и/или​ може​ да​ има​ влијание​ врз​ квалитетот​ и​ безбедноста​ на производот,​ односно​ може​ да​ предизвика​ дополнителен​ ангажман​ на​ човечки​ и​ материјални​ ресурси​ или трошоци​ за​ повторно​ враќање​ во​ потребниот​ оптимален режим на работа на работниот процес во​ целина.

Доколку законодавецот планирал овие дејности и работодавачи да работат на ден на неделен одмор, истите ќе ги навел во исклучоците кои можат да работат во ден на неделен одмор, а не го сторил тоа, како што е случај за многу други дејности кои имаат посебни закони (здравство, полиција ...), а сепак се дел од исклучоците во ЗРО.

Државниот инспекторат за труд треба превентивно да делува во насока на спречување на воведување на пракса за непочитување на штотуку донесени законски решенија од страна на одредени работодавачи се со цел да се спречи идно непочитување од страна на се поголем број на работодавачи, а со тоа да се создаде правна несигурност, а се руши концептот недела ден за неделен одмор и не се обезбедува правото на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.