Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕПРАВОТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ДА СТАНЕ ПРАВО

Денеска, во Основниот суд во Штип се одржа третото рочиште за утврдување на причините за отварање на стечајна постапка над должникот Баргала АД од Штип.

Поради тоа што повеќе од 700 денови се блокирани сметките на должникот, како и поради тоа што не се исплатени и доплатени платите на работниците, на рочиштето од страна на ССМ како застапник на работниците беше доставена обемна документација Решенија и записници од Државниот трудов инспекторат за констатирани прекршувања на законите и колективните договори за исплата на платите на работниците за спорните месеци, како и за незаконските откази на договорите за вработувања на работниците, дописи од УЈП како и Вештачење со кои во целост се побиваат тврдењата на пристрасниот привремен стечаен управник, а со кои документи, се докажува дека Мпинот не претставува никаков доказ за исплатена законска плата на работниците, дека единствен надлежен орган е Државниот инспекторат за труд кој контролира почитување на законска регулатива особено за исплата на платите и престанок на договорите за вработувања, а видно од докунентите, тврдењата на привремениот стечаен управник не само што се незаконски туку и служат за прикривање на фактичката состојба и на криминални дејствија кои под негов надзор се случуваат во Баргала АД Штип.

ССМ за фрапантните прекршувања на законите, не почитувањето и не спроведувањето на решенија и задолженија од надлежни државни институции денеска на привремениот стечаен управник му поднесе и Кривична пријава за која очекуваме Основното јавно обвинителство во Штип веднаш да се произнесе особено што се приложени непобитни докази за незаконското работење.

Имајки во предвид дека во наредните денови се очекува решение на судот за состојбата кај должникот, како и решенија од Основното јавно обвинителство за основаните сомневања на ССМ, поради очигледните свесни и намерни прекршувања на законите, алелираме до надлежните државни институции, судот и обвинителството да не дозволат неправото да стане право на штета на огромен број на работници, а во интерес на еден газда, еден привремен стечаен управник и други инволвирани страни, а во спротивно, синдикално и работнички ќе бидат преземени најстроги мерки.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.