Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

(Не)вработени млади: отпуштања среде пандемија, пониски плати и недоволна информираност за работничките права

Здравствено – економската криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 има сериозни импликации, како на глобално, така и на национално ниво. Оваа криза не само што не ги одбегна младите лица, туку истите силно ги погоди, со што ги доведе на врвот на категориите на ранливи групи на лица. Стапката на младинска невработеност во државата изнесува 39,2 проценти, што е меѓу највисоките во Европа и истата постепено се зголемува.

Најголемиот дел од младите кои го загубиле своето работно место имале договор за вработување на определено време, што покажува дека младите се една од најранливите категории на лица и кога станува збор за работничките права. Тие неретко работат на црно, земаат пониски плати од останатите и работат на понесигурни работни позиции.

Во Македонија, поголемиот број од младите луѓе се чувствуваат како маргинализирана група на лица за која никој посебно не води грижа за нивните проблеми и препреки со кои се соочуваат, вели Ирена Ивановска од Секцијата на млади при ССМ.

„Се наоѓаме во време кога младинската невработеност изнесува 39,2 отсто, кога најголем дел од младите лица работат во неформалната економија, заработуваат плати пониски од останатите вработени кои извршуваат иста работа со исти работни задачи, во време кога младите работат подолги часови од договореното, кога имаат договори на определено и кога половина од нив, односно 53 отсто, се решени да ја напуштат земјата“, вели Ивановска.

Обесхрабрувањето на младите произлегува од сложената економска состојба во државата, дополнително отежната со почетокот на здравствената криза. Недостатокот на работни места, понудата на работа која не одговара на квалификациите и ниските плати, се реалност со која се судруваат младите уште на почетокот на нивното работно ангажирање, а истите продолжуваат и на самите работни места.

Во овие тешки и сложени општествени прилики се потврдил ставот од неопходната потреба за што помасовно синдикално организирање и здружување на работниците, а особено младите, за да можат да бидат целосно информирани, оспособени и вклучени во постапките за препознавање, заштита и унапредување на работничките права.

Целото интервју, може да го прочитате на линкот:

https://meta.mk/nevraboteni-mladi-otpushtanja-srede-pandemija-poniski-pl...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.