Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕЗАДОВОЛСТВО КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД НЕПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ на ден 31.08.2022 одржа седница на Советот на која присуствуваа заменик министерот за здравство Доц. д-р Владимир Рендевски и претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски.

На истиот се расправаше за усогласување на платите на вработените во здравствената дејност согласно порастот на минималната плата.

Беше искажано незадоволство по основ на непредвидувањето на средства од Буџетот за корекција на платите во здравствената дејност и затоа итно е закажана средба со министерот за здравство д-р Беким Сали на 05.09.2022 на која би се разговарало околу заедничките активности за изнаоѓање на најсоодветно решение.

После тоа Советот ќе донесе Одлука за натамошните активности и чекори на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.