- Македонски
- English
НИЕ РАБОТНИЦИТЕ ОД НСП И ССМ ОБЕДИНЕТИ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски остварија средба со Претседателот на Независен синдикат на полиција (НСП) Мартин Ефремов.
Потребата од обединување на синдикатите оваа години за заедно да го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот – 1ви Мај е препознаена од ССМ и од НСП кои со здружени сили излегуваат на протестот.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Независен синдикат на полиција (НСП) заедно со другите синдикати излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „НИЕ РАБОТНИЦИТЕ“
Сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на Протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом е пораката од денешната средба.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ја искористи можноста да му честита на изборот на Мартин Ефремов за нов Претседател на Независен Синдикат на Полицијата (НСП).