
ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19 ВО ФАБРИКИТЕ Е НАШ ПРИОРИТЕТ
Денес, се одржа редовна координација на претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска со претставници на Министерството за труд и социјална политика, претседателката на Инспекцискиот совет, директорите на пазарниот и трудовиот инспекторат, и граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет за човекови права“, „ХЕРА“, „Платформа за борба против сиромаштија“ и „Мрежа против насилство врз женитe“. Фокус на состанокот преку апликацијата „Zoom“, беше состојбата со Ковид-19 во текстилните фабрики во Штип, почитувањето на протоколите за заштита и работничките права, како и споделување на информации за спроведувањето на мерката финансиска поддршка за исплата на плати. Oвие редовни состаноци помеѓу синдикатите, граѓанските организации и инспекторатите се од суштинско значење бидејќи ја зајакнуваат соработката и придонесуваат за поефикасно спроведување на мерките на терен.