- Македонски
- English

Работниците во градежништвото се изложени на поголем ризик на работните места затоа што работат на секаков вид на локации, најчесто на височина и на различни временски услови.
Со поддршка на Меѓународната организација на трудот канацеларија Скопје изработено е промотивно видео за Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167).
ССМ заедно со СГИП до Економско социјалниот совет ќе поднесе иницијатива за Ратификација на Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167).
Кампањата која ја водеше ССМ заедно со Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија - СГИП беше ратификувана Конвенцијата 94 на МОТ, која ги регулира социјалните клаузули во јавните набавки.
ССМ секогаш се јавува како иницијатор на усвојувањето на конвенциите на МОТ, посебно оние кои се значајни за трудовите и социјалните односи. Преку Економско – социјалниот совет, учеството во работата на собраниските комисии и воопшто преку својата општа агенда ССМ настојува меѓународните конвенции да се ратификуваат од македонската држава и потоа да се имплементираат во македонското законодавство.
Во прилог линк од промотивното видео за Конвенција за БЗР во градежништво ( бр.167): https://youtu.be/mn7NrspYm9s