- Македонски
- English

Денес, во просториите на Сојуз на синдикатите на Македонија, започна дводневна обука за заштита на лични податоци за членови на синдикални организации со поддршка на Фондација Метаморфозис и Здружение Конект како дел од проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија.
Во текот на денешниот и утрешниот ден, учесниците на обуката ќе имаат можост да дознаат нешто повеќе околу правата на субјектите на личните податоци на работното место и надвор од него; обврските на вработените при обработка на лични податоци; мерки за безбедност на личните податоци и многу други теми од областа на заштита на лични податоци.
Сојузот на синдикатите на Македонија активно работи на обука на синдикалистите во сите области од работата и работењето.