Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Посета на “преспадрво“ – ресен

1.03.2012

01.03.2012_sumarstvoНа 1 март претседателот на ССМ и на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски беше во работна посета на подружницата “Преспадрво“ - Ресен на ЈП “Македонски шуми“.

Во разговорите со претседателот на СО на “Преспадрво“ Кире Шушевски, раководителот на “Преспадрво“ Кире Барандовски и раководителот на “Кајмакчалан“ - Битола Митко Стојановски се разгледани тековните состојби во двете подружници, постапките околу сертификацијата на шумите, како и изборните активности во синдикатот на “Преспадрво“.

Вториот конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика ќе се одржи на 24 и 25 април во Охрид. Во тек се изборните активности во синдикалните организации во сите подружници, кои треба да завршат заклучно со месец март.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.