- Македонски
- English

1.03.2012
На 1 март претседателот на ССМ и на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски беше во работна посета на подружницата “Преспадрво“ - Ресен на ЈП “Македонски шуми“.
Во разговорите со претседателот на СО на “Преспадрво“ Кире Шушевски, раководителот на “Преспадрво“ Кире Барандовски и раководителот на “Кајмакчалан“ - Битола Митко Стојановски се разгледани тековните состојби во двете подружници, постапките околу сертификацијата на шумите, како и изборните активности во синдикатот на “Преспадрво“.
Вториот конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика ќе се одржи на 24 и 25 април во Охрид. Во тек се изборните активности во синдикалните организации во сите подружници, кои треба да завршат заклучно со месец март.