- Македонски
- English

2.04.2012
Денес во “Државниот универзитет – Тетово“ Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) одржа семинар на теми: заштитата на правата од работен однос, обезбедување безбедни и здрави услови за работа, сузбивање на работењето на црно и договорите за вработување.
Предавачи на семинарот беа Благуна Стојковска, генерален секретар на СГИП, Иван Пешевски, асистент на претседателот на СГИП, и Адријан Слова од АД “Кнауф Радика“ - Дебар, член на Секцијата на млади при СГИП. Слушатели беа студентите од втора година на Градежниот факултет при Државниот универзитет – Тетово.
На истите теми Секцијата на млади при СГИП на 29 март во “Irish pub“ во Скопје исто така одржа семинар, со тоа што се зборуваше и за правата на младите и жените според ЗРО, предностите од членувањето во синдикатот и колективните договори на ниво на претпријатие. Предавачи беа Иван Пешевски и координаторот на секцијата Ивана Димитрова – Журовска. На семинарот присуствуваа над 50 учесници, членови на секцијата, како и млади лица вработени во градежништвото кои се уште не се синдикални членови.