Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Семинари на синдикатот за градежништво

2.04.2012

Слушатели на денешниот семинар беа студентите од втора година на Градежниот факултет во Тетово
Слушатели на денешниот семинар беа студентите од втора година на Градежниот факултет во Тетово

Денес во “Државниот универзитет – Тетово“ Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) одржа семинар на теми: заштитата на правата од работен однос, обезбедување безбедни и здрави услови за работа, сузбивање на работењето на црно и договорите за вработување.

Предавачи на семинарот беа Благуна Стојковска, генерален секретар на СГИП, Иван Пешевски, асистент на претседателот на СГИП, и Адријан Слова од АД “Кнауф Радика“ - Дебар, член на Секцијата на млади при СГИП. Слушатели беа студентите од втора година на Градежниот факултет при Државниот универзитет – Тетово.

 

Семинарот на Секцијата на млади во “Irish pub“
Семинарот на Секцијата на млади во “Irish pub“

На истите теми Секцијата на млади при СГИП на 29 март во “Irish pub“ во Скопје исто така одржа семинар, со тоа што се зборуваше и за правата на младите и жените според ЗРО, предностите од членувањето во синдикатот и колективните договори на ниво на претпријатие. Предавачи беа Иван Пешевски и координаторот на секцијата Ивана Димитрова – Журовска. На семинарот  присуствуваа над 50 учесници, членови на секцијата, како и млади лица вработени во градежништвото кои се уште не се синдикални членови.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.