
15.5.2015
Во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во периодот од 12 до 15 Мај 2015 година, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржаа 2 (две) дводневни работилници за колективно договарање за организациите на работниците (синдикатите) .
Работилницата ја отвори претседателот д-р Живко Митревски, кој го истакна значењето на колективното договарање и социјалниот дијалог, како посебна придобивка на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој ги поздрави учесниците и укажа на потребите од вакви обуки на синдикалните лидери и членови, кои пак ќе помогнат за остварување на правата на работниците.
Модератори на работилниците беа Агниешка Гинарару, експерт на МОТ и г. Овидиу Журка, виш експерт за активностите на работниците во канцеларијата на МОТ во Будимпешта. Тие имаа презентација на целите, програмата и техничките аспекти на обуката.
Работилниците беа поделени во две сесии на кои првите два дена беа присутни и активно учество земаа членови на Синдикатот за сообраќај и врски на РМ, а на вториот, членови на Синдикатот за трговија на РМ и регионалните координатори од ССМ.
По завршувањето на работилниците, учесниците се стекнаа со вештини за колективно договарање, вклучувајќи и техники за преговарање, за различни аспекти на колективните договори и за подобрувањето на координацијата меѓу различни нивоа на колективно договарање, со примена на постојните алатки на МОТ за колективно договарање.