Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТА, УНАПРЕДЕНИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ДОБИЈА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Денес, 25.08.2022 година, во просториите на Општина Кавадарци, беше потпишан Колективениот договор за вработените во Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci, со кој се унапредија правата од работен однос за вработените во локалната самоуправа.

Овој колективен договор беше потпишан од страна на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Кавадарци Зоран Ифтимов од едната старна и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев од другата страна.

Со овој колективен договор, вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималанта плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено остсуство итн.

“Овој колективен договор од денес па натаму ќе преставува урнек за колективно преговарање за сите општини низ нашата држава кои ќе го отпочнат процесот на колективно договарање. Благодарејќи на градоначалникот Јанчев, а воедно и на преговарачкиот тим на синдикалната организација при Општина Кавадарци, се предвидоа права со кои вработените во Општина Кавадарци, треба уште по мотивирано да ги извршуваат своите работни задачи” истакна Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.