Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НОВ ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈП ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО СКОПЈЕ, И ФИРМИТЕ КЕРЌИ ДООЕЛ ФЛОРАКОМ И ДООЕЛ ЛУНА ПОРАДИ НЕИСПЛАТЕНА АВГУСТОВСКА ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА

На 30.09.2025 година вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна повторно протестираа со блоќирање на бул Илинден поради неисплатената плата за месец Август како и поради неисплатените додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди итн.

Од страна на раководството не беше постапено по барањата истакнати на вчерашниот протест за исплата на платата за август и од таа причина повторно излегоа вработените на протест.

Вработените од овие три фирми доколку денес не ја добијат плата утре 01.10.2025 година повторно ќе излезат на протест во период од 10 до 12 часот со блокирање на повеќе раскрсници во град Скопје и тоа бул. Илинден, мост Гоце Делчев и бул. Партизански одрди кај Симпо.

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности заедно со стручниот кадар од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој работи долги години во претпријатието ќе излезат со предлог за одржливо финансирање на претпријатието во иднина искористувајќи и прилагодувајќи ги решенијата кои функционираат во слични претпријатија во соседните земји.

Ги повикуваме вработените од овие три фирми утре на протест од 10 до 12 часот на бул Илинден кај Фонтана(Матично), мост Гоце Делчев и раскрсницата помеѓу ул.Рузвелтова и бул.Партизански одреди.

Ги замолуваме граѓаните на град Скопје за разбирање.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.