- Македонски
- English
НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СЕКЦИИТЕ НА ЖЕНИ И МЛАДИ ВО ССМ
Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата последна седница, по предлог на Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов избра нови Претседатели на Секцијата на жени и на Секцијата на млади во ССМ.
За Претседателка на Секцијата на жени едногласно беше избрана Ивана Димитрова, која е Претседателка на Синдикалната организација на Синдикат за градежништво - СГИП во GD Granit AD Skopje , како и Заменик Претседател на Европски женски комитет при Светската федерација за градежништво и дрвна индустрија - BWI Global Union
За Претседател на Секцијата на млади во ССМ е избран Дарко Трајкоски од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Макрдонија, кој воедно е и член на Секцијата на млади при ССМ и член на Извршниот одбор на Секцијата на млади при ССМ.
Со нивниот избор, ССМ ја зајакнува својата улога во делот на соработката со младинските организации како и со организациите на жените, во насока на креирање на активности за вклучување на младите и жените за изнаоѓање на нивното вистинско место во Државата, како и да се обезбеди родова и младинска еднаквост преку нивната значајна улога во синдикатите и во општеството.