Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Новогодишно обраќање на Претседателот на ССМ

Како лидер на ССМ кој е најстар, најброен синдикат и единствен социјален партнер во државата изминатава 2021 година ќе ја запамтам по следните активности на ССМ:

Конструктивните преговори со Валадата и нашето учество како репрезентативен синдикат во креирањето на економските пакети на мерки наменети за намалување на последиците од заразната болест Ковид 19. Со своето залагање ССМ обезбеди финансиската поддршка од Владата за компаниите првенствено да биде наменета за плата на вработените, како и тоа владината помош и поддршка да ја добијат компании кои нема да отпуштат работници.
На овој начин со ангажман на ССМ беа зачувани огромен број на работни места , односно работниците не беа отпуштени и беше обезбедена нивната егзистенција во услови на тешки последици во економијата и општеството кои беа резултат на заразната болест .

ССМ презема активности за правна заштита за над 10 000 обраќања на членови на синдикатот и работници , што воедно значеше и исто толку обезбедени работнички права. Воспоставивме добра соработка со ДИТ делувавме стручно, брзо и ефикасно.

Задоволен сум од стручноста , посветеноста , истрајноста ,но и од храброста на членството кое незадоволно од неоснованата бавност и инертноста пред се на парламентот и одделните министерства во реализација на веќе договорените активности на ниво на ЕСС, побара од ССМ да биде организатор на протест за предупредување дека трпението на работниците е на крај и дека работниците одлучно бараат да се реализираат договорените мерки и активности за остварување на нивните права.Протестот беше организиран од ССМ за многу краток временски период ,а бројноста и одлучноста што ја покажавме во реализацијата на протестот , резултираше со првичени позитивени ефекти од Владата , односно беше реализирано првото барање на ССМ од протестот и беа донесени измени и дополнувања на закони со кои беше уредено правото недела да биде неработен ден за над 90 % работници.
На овој начин ССМ обезбеди работниците кои се пандан на работодавачите во заедничките трудови процеси од кои зависи економскиот и општествениот развој на државата да имаат време за себе , своите семејства и задоволување на своите образовни,културни и општествени потреби. Работниците кои поради неможноста на прекинување на технолошките процеси ќе биодат ангажирани за работа во недела ќе добијат соодветен финансиски надомест и одмор во друг ден од неделата . Ова е многу важна придобивка за работничките права остварена и реализирана на иницијатива на ССМ со заедничка воља и посветеност на социјалните партнери.

Ја подобривме техничката опременост на ССМ и регионалните канцеларии, обезбедивме дигитализација на достапноста на службите и услугите на ССМ, преку онлајн достапност и мобилна апликација ССМ – мои работнички права, а со тоа и ги подигнавме нашите капацитети за континуирано обезбедување на работничките права и бесплатна правна заштита.
Ја подобривме видливоста на ССМ , ја подигнавме јавната свест за улогата и значењето на синдикалното организирање што заедно со нашиот ангажман во правец на остварување , заштита и унапредување на работничките права , резултираше со повеќе од 6.000 нови зачленувања и подобрување на нашата бројност во сите области и дејности.

Кога станува збор за визијата на ССМ за наредната 2022 година на нашата агенда се ангажманите поврзани со 

 Донесување на измена на законот за минимална плата со која минималната плата нема да може да биде пониска од 60% од просечната плата во државата со што ќе се обезбеди егзистенцијалниот минимум за најниско платените работни места .
Понатаму наша цел е минималната плата да претставува основа под која не може да се врши плаќањето на трудот на работниците , а платите да се уредуваат над овој минимум согласно економскиот развој , продуктивноста на трудот и доследна примема на критериумите и мерилата уредени со КД.
Донесување на нов ЗРО , активност која е започната пред 3 години и во која ССМ учествува во насока на хармонизација на ЗРО со европското законодавство и меѓународните трудови стандарди што воедно значи унапредување на работничките права за подобра социо-економска положба на работниците и граѓаните како двигатели на економијата и општествените процеси во државата
ССМ се залага за економски развој и стабилност , повисоки плати,намалување на сиромаштијата , поголема вработливост, одржливи и реални работни места со целосно почитување на работничките права, договори за вработување на неопределено време, пристојна работа ,здрави и безбедни услови за работа , унапредување на социјалниот дијалог и колективното договарање социјална правда и сигурност за сите ,одржлив развој и почитување на животната средина , како и целосно остварување на човековите права без дискриминација по ниту еден основ.

Тоа е нашата визија , ги повикуваме сите социјални партнери , синдикати и граѓанскиот сектор да ни се придружат во реализацијата 

Потребни се интегрирани активности за реализација на поставените цели , затоа што ефектите ќе бидат создавање на подобри и похумани услови за живеење на сите граѓани во државата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.