Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НОВОТО РАКОВОДСТВО НА РУДНИК САСА НА СРЕДБА СО ССМ И СИЕР

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов денеска во ССМ остварија средба со новиот Генерален директор на рудникот САСА, Крис Колбурн и Ивица Талевски, директор за одржливост.

На средбата се дискутираше за продолжување на добриот социјален дијалог кој изминатиот период даде резултати со зголемување на платата на вработените, а денеска беше најавено дека и покрај енергетската криза, рудникот САСА, за разлика од други рудници ќе продолжи со работа.

Заеднички беше констатирано дека сите прашања и дилеми треба да се надминуваат по пат на социјален дијалог и со потпишување на колективен договор помеѓу менаџментот и синдикатот СИЕР за што и двете страни се сложни.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.