Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБРАЗОВАНИЕ ИМА МНОГУ ПРИЧИНИ ДА ПРОТЕСТИРА !

Покрај проблемите со нередовната исплата на плата, СОНК ги распродава права вработените во образованието кои минатата година имаа право на зголемување од најмалку 12%, а со потпис на СОНК добија зголемување од 5%.

Оваа година кога имаат право на 12,6% , СОНК обезбеди историски најголемо зголемување од 7%, иако ако по минимална плата им следува зголемување, а не по просечна, имаат право на 8,05%, а не 7% зголемување на плата или наместо најмалку 25% за неколку месеци, добија само 12% !

Да не заборавиме дека и КСС и СОНК кажаа дека нема потреба од повеќе и нема потреба од протести ?

Се додека е така, а работниците во образование се задоволни од историските достигнувања, не само што прифаќаат помалку од што им следува, прават штета на сите останати работници во цел јавен сектор !

Вработените во образованието да се приклучат на ССМ и на Независен синдикат за образование и наука - НСОН и да излезат на ПРОТЕСТ на 1 Мај, Работнички дом, Скопје, 11:00.

Имаат многу причини да протестираат, една од нив е што не добија 12,6 % зголемување на нивните плати !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.