Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Обука на антимобинг советници

Во рамките на Регионалниот проект на ЕУ “Мрежа за здравје и заштита при работа“ и Националниот проект “Антимобинг мрежа – МК“, во организација на Синдикатот за финансиски дејности на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија, од 21 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на четири антимобинг советници од редовите на синдикатите и невладините организации.

Снежана Васиљевиќ
18.03.2011_elvira_koic
Елвира Коиќ

Обуката ќе ја спроведат експертите од Република Хрватска Снежана Васиљевиќ, доктор на науки на Универзитетот во Загреб – Правен факултет, и Елвира Коиќ, специјалист по психологија и социјални работи од хрватскиот Универзитет.

Советниците кои успешно ќе ја завршат четиридневната обука по овластување од Европската Комисија ќе добијат сертификат од “Здружението мобинг“, со обврска дека во наредниот период од 60 дена ќе одржат обука на 80 претставници на синдикати, невладини организации и други организации кои се занимаваат со прашањата од областа на мобингот во Република Македонија.

Во понатамошниот период е предвидено одржување на семинари за едукација на претставници од здравството, трудовата инспекција, медијацијата, адвокатурата и судските органи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.