Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синдикати – ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion во Велес организираше тридневна обука за тренери за користење на новите дигитални алатки на ССМ преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците и презентирање на новата дигитална алатка ССМ - мои работнички права и нејзината надградба со нови можности.

Учесниците, претставници на синдикатите здружени во ССМ, имаа можност да ги добијат сите информации за функциите на апликацијата ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА од Милан Танчески од Центарот за социјални иновации Blink 42-21 / Блинк 42-21 , со чија помош беше изработена првата бесплатна мобилна апликација за пријавување на прекршување на работнички права со поддршка на МОТ.

Дополнително, во насока на дигитализација на процесите на синдикалното работење во поглед на обуки на работниците, како пример беше презентирана и апликација за виртуелна реалност за обука на оператори на столбен кран, алатката обезбедува безбеден начин на едукација и обука на ученици или возрасни кои сакаат да работат на оваа специфично работно место во градежната индустрија.

Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs &Inclusion

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.