Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во Државата и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност задно со Европската конфедерација на синдикати – ETUC во рамките на проектот „Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion во Охрид ја организира последната три дневна обука за тренери за користење на новите дигитални алатки на ССМ преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците и презентирање на новата дигитална алатка ССМ - мои работнички права и нејзината надградба со нови можности.

Учесниците, претставници на синдикатите здружени во ССМ, имаа можност да ги добијат сите информации за функциите на апликацијата ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА.

На обуката беше презентирана и новата можност НАСТАНИ на апликацијата ССМ - мои работнички права преку која работниците и синдикалните членови ќе можат да се информираат за сите синдикални активности организирани од ССМ и синдикатите, штрајкови, протести, обуки и сл.

Беа презентирани новите промотивни видеа со кои се овозможува поголемо информирање за функциите на апликацијата.

Ова беше последна обука за обучувачи односно тренери за користење на новите дигитални алатки на ССМ и со тоа повеќе од 90 обучувачи се стекнаа со потребните вештини и знаења кои во иднина ќе ги пренесуваат во нивните работни организации и во градовите од кои доаѓаат, а истовремено преку посетите на 10 градови повеќе од 300 работници добија информации за функциите на апликацијата.

Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs &Inclusion

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.