Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА НА СУТКОЗ ЗА РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈКП ПО ОКД ЗА ЈАВЕН СЕКТОР

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ) започна со реализација на стручно - специјализирана обука на тема: „ПРИМЕНА НА ОКД ЗА ЈАВЕН СЕКТОР, ПОСТАПКА ЗА ШТРАЈК И ЗАКОН ЗА БЗР “

На првата обука членовите на Претседателството на СУТКОЗ, членови на органите на Синдикалните организации на СУТКОЗ во Јавните комунални претпријатија имаа можност да бидат информирани за начинот на примената на Општиот колективен договор за јавен сектор за спроведување на новата методологија (просечна плата по коефициент на сложеност) за зголемување на платите од месец март 2025 година со растот на просечната плата, добија примери за пресметка на плата согласно ОКД за Јавен сектор, добија информации за постапка за штрајк во ЈКП, како и беа информирани за потребата од примената на Законот за безбедност и здравје при работа во Јавните комунални претпријатија.

На обуката покрај Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски, гостин беше и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и предвач беше адвокат Сашко Панчев.

СУТКОЗ во наредните денови спроведува обуки во 6 градови ( Гостивар, Прилеп, Охрид, Делчево, Куманово и Струмица) каде што синдикалците ќе имаат можност да се запознаат со активностите кои треба да ги спороведат за зголемување на платите на работниците во Јавните комунални претпријатија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.