- Македонски
- English

АГРО Синдикатот за синдикалните претставници и членови на Синдикатот во АД Европа – Скопје организираше Обука на тема: Кон подобри услови за работа, каква е улогата на синдикатот на која обучувач/предавач беше Проф. д-р Александар Ристовски од Правен факултет Јустинијан први – Скопје.

На обуката свое обраќање имаа Претседателот на АГРО Синдикатот, Игор Ќитаноски, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов.

Учесниците имаа можност да се стекнат со дополнително знаење за концептот на пристојно работно време низ призмата на македонското работно законодаваство и практика, како и за синдикатот и неговата улога во подобрувањето на работните услови преку колективното договарање.
Синдикатите посветено работата на подигнување на свеста кај работниците за нивните работнички правата, а ова беше една од обуките организирани за таа цел.

