Оваа година денот на трудот, 1ви Мај го одбележавме на малку поинаков и безбеден начин, водејќи сметка да не го загрозиме здравјето на нашите колешки и колеги работници, но пораката која ја пративме е јасна и недвосмислена, силата на работниците е кога тие се здружени со иста цел за унапредување на работнички права.
Потсетуваме дека ќе бидеме и погласи и побројни и посилни се со цел да направиме по задоволен и подостоинствен работник
Загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција, покажавме дека и во најтешките моменти и во најлошите услови, со работниците сме здружени со иста цел!