Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ СИНДИКАТ ССМ, ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ИСТАКНАТИ СИНДИКАЛНИ ЧЛЕНОВИ И АКТИВИСТИ

ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ИСТАКНАТИ СИНДИКАЛНИ ЧЛЕНОВИ И АКТИВИСТИ

Сојуз на синдикатите на Македонија, во знак на благодарност и почит, а по повод 80 години од формирањето на Сојузот на синдикатите на Македонија во 1946 година, додели благодарници на истакнати синдикални членови и активисти, кои дале свој придонес во развојот и унапредувањето на синдикалното движење, а кои биле активни во работата како на нивните грански синдикати така и на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Лазе Георгиевски – синдикален активист, активен повеќе од 40 години, кој никогаш не ги оставил синдикалците соборци на цедило.

Златко Цветковски – од МПС, кој воедно е и Секретар на Советот на ССМ

Пецо Грујовски - од синдикатот на УПОЗ

Бранко Георгиев и Васка Богоеска од синдикат СУТКОЗ

Маре Анчева и Ненад Рашовиќ од синдикатот СИЕР

Александар Вељановски и Боби Стојановски од Синдикатот за Здравство

Живко Даневски од АГРО – синдикат

Павел Трендафилов од синдикатот СГИП

Миќо Стојановски од синдикатот СРСВМ

Шериф Мустафа од синдикатот НСОН

Весна Мицевска од синдикатот СРТ

Зоран Мироновски и Оливер Христовски од синдикатот СХНМ

Во име на сите членови на СКРМ, благодарницата ја прими Ивица Димитријевиќ

Анѓелко Анѓелковски од синдикатот СТКЧ

Слаѓана Миловојевиќ од синдикатот ССДМ

Димче Михајлов од синдикатот СПТРМ

Јоле Ѓурчиновски од синдикатот СПТОМ

Гоце Селовски од синдикатот СФДМ

Билјана Анастасова Костиќ – СМИА

Во име на Советот на ССМ благодарница беше врачена Милорад Милановиќ  и Горанчо Чолаков.

Посебна благодарница беше врачена на Јане Темелковски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.