Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ СИНДИКАТ ССМ, ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ И БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (ССМ)

ВРАЧЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ И БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (ССМ)

Во знак на благодарност и почит, а по повод 80 години од формирањето на Сојузот на синдикатите на Македонија во 1946 година, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов додели  благодарница за значаен придонес во развојот и унапредувањето на синдикалното движење на  големите пријатели и другари  на ССМ кои оставиле печат во работата на синдикатите и унапредувањето на работничките права на нашата држава.

Емил Крстановски – Национален координатор на Меѓународната организација на трудот.

Проф. д-р Тодор Каламатиев – Професор на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје

Проф. д-р Александар Ристовски – Професор на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје

Милан Петковски – Експерт за безбедност и здравје при работа

,,Вашиот ангажман и придонес во работата на Сојузот на синдикатите на Македонија, како и Вашата поддршка за унапредување на синдикализмот, работничките права и достоинството на трудот оставија траен белег и претставуваат пример на синдикална посветеност и солидарност." - истакна Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.