- Македонски
- English
По повод одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2024 година се одржа настан на кој се додели Националната награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР 2024 и Награда за компанија со најдобар пример на добра пракса за БЗР 2024.
На одбележување на „Европска недела на БЗР“ - воведни обраќања имаа:
- Проф. д-р Јасмина Чалоска, Претседател на Советот за БЗР
- М-р Бесар Дурмиши, Министер за економија и труд
- Ваљон Садики, Програмски менаџер на Фондацијата ФЕС
- Емил Крстаноски, Национален координатор на Меѓународната организација на труд
- Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ
- Владанка Трајковска, Претседател на ОРМ
Модератор: Доц. д-р Трајче Велковски, OSHVET амбасадор
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа вели „Загрижува што покрај опасностите со кои се соочуваме на нашите работни места, се соочуваме и со опасности кога доаѓаме и кога се враќаме од работа. За жал, пред две недели животот го загубија тројца работници, враќајќи се од работа дома кај своите семејства."
Покрај потребата од раст на платите, во фокусот на ССМ, е Безбедноста и здравјето при работа. Приоритет на делување на ССМ во наредниот период ќе биде регулирање на правата и обврските на работниците и работодавачите во оваа област по пат на колективни договори како двострано обврзувачки акти .Нашиот ангажман во наредниот период ќе го насочиме во правец на унапредување на колективното договарње во областа на безбедноста и здравјето при работа истакна Претседателот на ССМ Трендафилов.
Значаен придонес во унапредувањето на здрави и безбедни услови за работа по пат на социјален дијалог и со зедничко делување на сите чинители во општеството , се обезбедува преку Националниот совет за БЗР каде ССМ има свои претставници и чија што улога сметаме дека треба да се зајакне, прецизира и унапреди.
– За жал, брзањето за да не задоцниме на работа, брзаме да сработиме и брзаме да заработиме што понекогаш чини човечки животи и сметам дека сите заедно треба напорно да сработиме за да спречиме макар и една загуба на еден човечки живот и мислам дека тоа ќе биде еден од најголемите успеси, изјави Трендафилов.
Според Трендафилов, и работодавачите, чија одговорност е да ги спроведат мерките за безбедност и здравје при работа, како и креаторите на политиките, треба да воведат дополнителни мерки кои ќе значат спасување на животите на работниците.