Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12ти август

Секцијата на млади на ССМ, заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на млади, 12 август.

Младите се перспективата на нашата држава и поради тоа огромен број активности ги насочуваме во правец на информирање, обука и нивно оспособување, да бидат активни креатори на економските и општествените процеси врз принципот на современите технички, технолошки и развојни можности, но и со доследно почитување на човековите права, без дискриминација и целосна грижа за човековото достоинство.

Одбележувајќи го овој ден, Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Секцијата на млади ,,ССМлади" укажува на потребата од раст на платите, ограничување на договорите на определено време од 5 години да се намали на 1 година, по што би следела трансформација на работниот однос од определено во неопределено време и младите лица би добиле една сигурност во креирање на нивните идни планови.

Само на тој начин ќе го спречиме одливот на мозоци и младите својата перспектива ќе ја гледаат во сопствената држава!

ССМ е организација на младите !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.