- Македонски
- English
На Светскиот ден на безбедност и здравје при работа - 28 април, се одржа конференција на која присуствуваше Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
На конференцијата во организација на Советот за безбедност и здравје при работа свое обраќање имаа и Проф. д-р Јасмина Чалоска, Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, Извршната директорка на ОРМ Светлана Ристовска Антиќ и Националниот координатор на МОТ Емил Крстановски.
Темата на настанот беше во знакот на Европската кампања за здрави работни места „ Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работата" .