- Македонски
- English

29.10.2014
На 29.10.2014 година Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, ја одржа својата 22ра седница на Советот.
Слика 1. Претседателот д-р Митревски на седницата
Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Љубиша Каранфиловски, а покрај членовите на Советот на седницата присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.
Слика 2. Присутните на седницата
На оваа седница беа разгледувани повеќе точки, меѓу кои и информацијата за актуелните состојби во здравствената дејност и социјална заштита во РМ, како и извештајот од 15тата седница на Комисијата за доделување парична помош од синдикалниот фонд на синдикатот.