- Македонски
- English

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) на 10 и 11 декември во Охрид го одржа Шестото собрание, на кое за претседател е избран Зоран Мироновски.
На Собранието, на кое учествуваа 50 од 53 делегати, претседателот Мироновски поднесе извештај за работата во изминатиот период. Собранието усвои нов Статут, Програма за работа за периодот 2010 – 2015 година, ново Претседателство и нов Надзорен одбор.
Со поздравен говор на Собранието се обрати претседателот на ССМ Живко Митревски. На Собранието како гости присуствуваа сродните синдикати од Турција, Србија и Црна Гора.